МАТ ервејз ќе добие дозвола за летање идната недела

Bez autora
Jun 03 2010

Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ) се уште не и ја издаде дозволата за летање на компанијата МАТ ервејз. Од Агенцијата велат дека процедурата е обемна и дека се работи на приложената документација. Во согласност со меѓународните стандарди и регулативи постапката за добивање на оперативна дозвола на МАТ ервејз е влезена во втора фаза, односно од страна на инспекциски тим на Агенцијата за цивилно воздухопловство се врши инспекциски надзор над организацијата на МАТ ервејз. Оттаму потенцираат дека инспекцискиот надзор е во функција на утврдување на исполнување на условите на организација за управување со постојната пловидбеност и организација за техничко одржување. Инспекцискиот надзор над воздухопловот на МАТ ервејз е планиран за понеделник во Белград. Во тек е постапка за запишување на авионот во регистарот на воздухоплови на Република Македонија, а последната фаза е сертификација на компанијата.

МАТ ервејз ќе добие дозвола за летање идната неделаАгенција за цивилно воздухопловство (АЦВ) се уште не и ја издаде дозволата за летање на компанијата МАТ ервејз.

Од Агенцијата велат дека процедурата е обемна и дека се работи на приложената документација.

- Во согласност со меѓународните стандарди и регулативи постапката за добивање на оперативна дозвола на МАТ ервејз е влезена во втора фаза, односно од страна на инспекциски тим на Агенцијата за цивилно воздухопловство се врши инспекциски надзор над организацијата на МАТ ервејз - велат од АЦВ.

Оттаму потенцираат дека инспекцискиот надзор е во функција на утврдување на исполнување на условите на организација за управување со постојната пловидбеност и организација за техничко одржување.

Инспекцискиот надзор над воздухопловот на МАТ ервејз е планиран за понеделник во Белград. Во тек е постапка за запишување на авионот во регистарот на воздухоплови на Република Македонија, а последната фаза е сертификација на компанијата. Тоа, според информациите на АЦВ, се очекува да се случи во текот на наредната недела.

Од МАТ ервејз велат дека ги чекаат претставниците од АЦВ да дојдат во Белград и да ја проверат потребната документација се со цел работата да се заврши што е можно побрзо, односно пред почетокот на туристичката сезона како би можеле да се реализираат веќе договорени аранжмани.

- Агенцијата за цивилно воздухопловство несомнено крајно професионално и темелно работи на издавањето на дозволата. Ги очекуваме деновиве во Белград и се надеваме дека оваа процедура ќе финишира во набрз можен рок - вели Дарко Милачиќ, еден од сопствениците на МАТ ервејз, како и на српските Кон тики травел и Метрополитан инвестмент груп.

Кон тики травел и Метрополитан инвестмент лани во септември во Македонија формираа нова компанија, МАТ ервејз. Оттогаш досега имаат инвестирано 5 милиони евра во Македонија. Еден дел од инвестицијата е искористен за купување на новиот авион боинг 737-500", кој во моментов е најдобар авион во регионот. Другиот дел од инвестицијата се средствата неопходни за тековно работење на компанијата МАТ ервејз, во којашто се вработени веќе 60 лица.

Планираниот буџет за оваа година, како што потенцира Милачиќ, е речиси 10 милиони евра и е наменет за купување на нови авиони и вработување на нов кадар.

- Отворивме и агенција Кон тики скај во Скопје и во Охрид преку која ги продаваме аранжманите кои одат од Белград. Штом ќе бидеме оспособени да летаме, македонските државјани ќе можат директно од Скопје да летаат на сите дестинации кон кои ќе ги води Кон тики травел, а тоа се десетини илјади дестинации низ целиот свет.

Планираме да воведеме и лет Белград - Охрид - додава Милачиќ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik